Германската компанија „Дрекслер Мајер" во понеделник ќе го потпише договорот со македонската Влада, за реализација на инвестицијата вредна 30 милиони евра. Станува збор за инвестиција која директно ќе вработи 4.000 луѓе во кавадаречкиот регион. Значи тука се Неготино, Демир Капија, Кавадрарци и сите населени места што гравитираат кон овој регион бидејќи фабриката ќе се гради во близна на Кавадарци. Ќе има и индиректни вработувања. Според бројот на вработени, таа ќе биде фабрика која ќе вработува најмногу луѓе во Македонија. Тој потсети дека инвестицијата е резултат на подолг процес на преговарање, од кој последната средба била на владиното Роуд шоу во Германија.
Германската компанија „Дрекслер Мајер" во понеделник ќе го потпише договорот со македонската Влада, за реализација на инвестицијата вредна 30 милиони евра.
„Станува збор за инвестиција која директно ќе вработи 4.000 луѓе во кавадаречкиот регион. Значи тука се Неготино, Демир Капија, Кавадрарци и сите населени места што гравитираат кон овој регион бидејќи фабриката ќе се гради во близна на Кавадарци. Ќе има и индиректни вработувања. Според бројот на вработени, таа ќе биде фабрика која ќе вработува најмногу луѓе во Македонија", рече Груевски по предавањето во употреба на лабораторија на Институтот за патологија.
Тој потсети дека инвестицијата е резултат на подолг процес на преговарање, од кој последната средба била на владиното Роуд шоу во Германија.